[ВИДЕО] Трамп: САД ќе престанат да му исплаќаат четири милијарди долари годишно на Израел

Макфакс

03/11/2026

17:30

327

Големина на фонт

а а а

Американскиот претседател Доналд Трамп најави дека САД ќе ја прекинат годишната финансиска помош од четири милијарди долари за Израел до крајот на годината, по договор со израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху. Трамп истакна дека Израел повеќе нема потреба од помошта и може самостојно да набавува американско оружје.

Американскиот претседател, Доналд Трамп, изјави дека постигнал договор со израелскиот премиер, Бенјамин Нетанјаху, за прекин на редовната американска финансиска помош за Израел до крајот на годината.

„Нетанјаху и јас пред неколку месеци се договоривме да престанеме да му исплаќаме на Израел четири милијарди долари годишно. До крајот на годинава ќе престанеме со тие исплати, а во иднина ќе му помагаме на Израел ако има потреба“, изјави Трамп за „Фокс њуз“.

Тој додаде дека Израел повеќе нема потреба од таква финансиска помош и дека може самостојно да купува американско оружје.

Засега не е јасно на кој финансиски аранжман се однесува изјавата. Постојниот договор за американска воена помош на Израел, во вредност од 3,8 милијарди долари годишно, истекува во 2028 година.

Кабинетот на Нетанјаху засега не ги коментирал тврдењата на Трамп.