Германски политичар пронајден мртов во хотел во Берлин

Макфакс

04/11/2026

22:27

351

Големина на фонт

а а а

Германскиот политичар Хуберт Ајвангер, заменик-премиер на покраината Баварија и министер за економија, е пронајден мртов во хотел во Берлин. Околностите на неговата смрт не се познати, а тој беше лидер на партијата „Слободни гласачи“ и водечка фигура во баварската политика.

Германскиот политичар Хуберт Ајвангер, заменик-премиер на германската покраина Баварија и баварски министер за економија, почина денес на 55-годишна возраст.

Според информации од владата и полицијата, Ајвангер починал во хотел во Берлин. Тој беше лидер на партијата „Слободни гласачи“, дел од владејачката коалиција во Баварија.

Денес во Берлин беше отворена канцеларија на „Слободните гласачи“, но Ајвангер не присуствуваше на настанот. Наводно, тој не се чувствувал добро и останал во хотелот. Околностите на смртта сè уште не се познати.

Хуберт Ајвангер беше еден од водечките политичари во Баварија, најголемата германска сојузна покраина. Од ноември 2018 година, ја извршуваше функцијата заменик-премиер на Баварија и министер за економија, регионален развој и енергетика.

Баварија има своја влада и парламент, а нејзин премиер е Маркус Зедер од Христијанско-социјалната унија (CSU). Ајвангер беше негов заменик во баварската влада, но не беше заменик на германскиот сојузен канцелар. Тој застана на чело на „Слободните гласачи“ во 2006 година, а од 2010 година ја предводеше партијата и на сојузно ниво.

За првпат беше избран во баварскиот парламент во 2008 година. Сè до 2018 година, беше претседател на пратеничката група на „Слободните гласачи“, по што стана член на баварската влада.