Пет нови сликовници со Стела и Сани ќе бидат претставени в сабота

Точка

06/11/2026

15:26

296

Големина на фонт

а а а

Промоцијата со авторката Бистра Георгиева почнува во 11 часот во Веро Центар.

Пет нови сликовници од серијалот „Стела и Сани“ ќе бидат претставени в сабота, 7 ноември, од 11 часот во Веро Центар во Скопје. Приказните ги напиша Бистра Георгиева, а ги илустрираа Наташа Андонова и Љупка Стојкова.

Бистра Георгиева со претходни изданија.

Бистра Георгиева со претходни изданија, архивска фотографија. Фото: ТРН

Новите наслови се „Мечка се жени“, „Ноќна смена“, „Како да го прескокнеш вторник“, „Изгубено – најдено“ и „Кој прв ќе заспие“.

Во програмата се предвидени средба со авторката и потпишување на сликовниците, интерактивен концерт и катче за цртање и боење.

Извори ТРН · Национал

Авторката Бистра Георгиева, архивска фотографија. Фото: ТРН