[ВИДЕО] Вучиќ како инфлуенсер, објавува видеа од кафана

Макфакс

07/11/2026

13:07

1.820

Големина на фонт

а а а

Српскиот претседател во заминување, Александар Вучиќ, ја зголеми присутноста на социјалните мрежи со објавување видеа од кафана каде се веселел со поддржувачи на неговата партија и други државни функционери.

Српскиот претседател во заминување, Александар Вучиќ, ја засили активноста на социјалните мрежи, каде што речиси секој час објавува фотографии и видеа. Само вечерва сподели неколку снимки од белградска кафана, каде што пие и се весели со поддржувачи на неговата партија Српска напредна партија.

На едно од видеата се гледа како присутните наздравуваат и се забавуваат, а меѓу нив е и Вучиќ.

Претходно, тој објави видео и со сопственикот на медиумот „Информер“, Драган Ј. Вучиќевиќ, исто така во кафаната „Чаци бар“.

„Не знам што слави Драган. Ме повика мене и уште некои државни функционери, Ана, Синиша и Тони, па дојдовме во кафанава „Чаци бар“. Не знам што слави Драган, веројатно затоа што му го гасат медиумот. А јас знам дека тоа што му го гасат медиумот е почеток на нивниот крај. И тие ништо не разбраа“, рече Вучиќ.

Во видеото, двајцата ја повторија пораката: „Србија победува“.