Премиерот Христијан Мицкоски одржа состанок посветен на Реформската агенда каде беа дискутирани приоритетите и динамиката на спроведување на реформите што се од суштинско значење за економскиот развој и подобрување на животниот стандард.
Премиерот Христијан Мицкоски денеска одржал состанок посветен на Реформската агенда, на кој биле разгледани тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи.
„Денеска се одржа состанок посветен на Реформската агенда, на кој во фокусот беа тековните активности, приоритетите и динамиката на спроведување на предвидените реформи“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Тој посочи дека посветеноста на реформскиот процес подразбира координиран институционален пристап, јасно утврдени цели и конкретни чекори за унапредување на функционирањето на институциите.
„Продолжуваме со посветена работа на реформите кои се од суштинско значење за економскиот развој, владеењето на правото, ефикасноста на институциите и подобрувањето на квалитетот на живот на граѓаните“, наведе премиерот.








