Охриѓанец приведен, при претрес во домот пронајдени три пакувања бела прашкаста материја

Макфакс

07/11/2026

13:00

303

Големина на фонт

а а а

Полициските службеници од Охрид приведоа 49-годишен маж по претрес во неговиот дом каде што беа пронајдени три пакувања со бела прашкаста материја и пари. По документирањето следува поднесување на пријава.

Полициски службеници од СВР Охрид на 7 ноември го лишиле од слобода 49-годишниот Б.Н. од Охрид, откако при претрес во неговиот дом биле пронајдени три пакувања со бела прашкаста материја и пари.

Претресот бил извршен со судска наредба, при што биле одземени пронајдените предмети.

По целосно документирање на случајот, против лицето ќе биде поднесена соодветна пријава, информираат од МВР.