Моделот Стела Максвел се појави на престижен гала настан во Лос Анџелес и воодушеви многумина со својата нежна креација, но и со својата нереална убавина.
Неодамна, се одржа хуманитарниот настан наречен „LACMA Art + Film“ во Лос Анџелес, кој собра бројни ѕвезди. Покрај актерските легенди и ѕвездите од различни сфери на уметноста, организаторите на настанот беа домаќини и на убавици од модната индустрија.

Можноста да блесне на овој настан ја искористи и моделот Стела Максвел, која воодушеви многумина со своето модно издание, но и со својот нереален изглед.
Стела носеше бела креација украсена со интересен дел од корсет. Овој необичен дизајн е потпишан од познатата куќа „Alexander McQueen“.

Не треба да го изоставиме фактот дека фустанот е направен од транспарентен материјал, и дека долната облека во црна боја, и тоа како, беше забележлива за време на појавувањето и фотосесијата на Стела.
Таа го заокружи изданието со разбушавена, брановидна фризура, а кога станува збор за нејзиниот изглед на шминка, се одлучи за црна сенка за очи што беше во контраст со нејзината мека, бела шминка.

Таа додаде и шпицести чевли изработени од црна кожа, популарниот модел на „Donna pump“ од брендот „Gucci“, кои нагласуваат префинета женска силуета, но и одбрана модна комбинација.







