Пресретнати две беспилотни летала насочени кон Ријад и јужниот дел на Саудиска Арабија

Макфакс

14/11/2026

15:10

386

Големина на фонт

а а а

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија пресретна и уништи две беспилотни летала лансирани кон Ријад и јужниот дел на земјата, додека конфликтот со бунтовниците Хути, поддржани од Иран, продолжува да предизвикува сериозна хуманитарна криза во Јемен.

Коалицијата предводена од Саудиска Арабија, која се бори против јеменските бунтовници Хути, соопшти дека пресретнала и уништила две беспилотни летала лансирани кон главниот град Ријад и јужниот дел на кралството.

Според коалицијата, дроновите биле лансирани од Хутите, кои имаат поддршка од Иран.

Судирот меѓу јеменските владини сили, поддржани од коалицијата предводена од Саудиска Арабија, и бунтовниците Хути трае од 2014 година, кога Хутите го зазедоа главниот град Сана и голем дел од земјата, пренесува Ројтерс.

Со текот на годините, конфликтот прерасна во регионален судир, во кој Иран ги поддржува Хутите, додека Саудиска Арабија обезбедува воена поддршка за меѓународно признатата јеменска влада.

Повеќегодишните борби предизвикаа една од најтешките хуманитарни кризи во светот. Околу 5,2 милиони луѓе се внатрешно раселени, додека милиони жители на Јемен немаат доволно храна, соодветна здравствена заштита и пристап до чиста вода, па зависат од меѓународната хуманитарна помош.