Пријавен 50-годишник од Пехчево за непочитување судска одлука за заштита од семејно насилство

Макфакс

14/11/2026

16:50

321

Големина на фонт

а а а

Надворешната канцеларија во Берово поднела пријава против маж од Пехчево за непочитување судска одлука за заштита од семејно насилство, поради што против него е поведена кривична постапка.

Надворешната канцеларија за криминалистички работи Берово поднела кривична пријава против 50-годишен маж од Пехчево поради сомнение за неизвршување судска одлука.

Според МВР, на 30 октомври 2026 година, пријавениот постапил спротивно на решението за заштита од семејно насилство што го издал Основниот суд во Берово. Тој отишол во домот, каде што агресивно се однесувал и ја вознемирувал својата 47-годишна сопруга.

Против него е поднесена кривична пријава за „неизвршување на судска одлука“.