Ноќеска издадено автоматско предупредување за земјотрес со магнитуда од 6,5 во 17 европски земји – меѓу нив и Македонија

Точка

18/11/2026

13:11

7.294

Големина на фонт

а а а

Милиони жители во 17 европски земји биле разбудени од итни автоматски известувања на телефоните рано наутро во средата, по силен земјотрес.

Жителите на Украина и на земји низ Источна и Југоисточна Европа добиле автоматски предупредувања за земјотрес со првично проценета магнитуда од 6,5.

Според автоматското сеизмичко известување испратено преку „Google Play Services“ околу 2:49 часот по локално време, проценетата магнитуда изнесувала 6,5. На картата во истото известување било прикажано дека потресот бил почувствуван во 17 земји: Романија, Украина, Молдавија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Турција, Грција, Унгарија, Косово, Црна Гора, Полска, Русија, Словачка, Србија, Македонија и Албанија.


Потресот во Романија бил доволно силен за да се почувствува и во главниот град Букурешт. Во соседна Украина, тресење било пријавено во регионите Киев, Одеса, Полтава, Виница, Кировоград, Миколаив, Черкаси и Днипропетровск.

Жители од двете земји на социјалните мрежи споделиле дека во првиот момент се исплашиле оти ненадејниот татнеж и итните известувања предупредуваат на ракети што се приближуваат. Стравот бил дополнително засилен од моментот на случувањето: само еден ден претходно, руски балистички напади оштетиле клучни мостови во Киев, а голем украински напад предизвикал уривање на дел од Кримскиот мост над Керченскиот Теснец.


Според веб-страницата на Американскиот геолошки завод, земјотресот ја погодил романската сеизмичка зона Вранча на длабочина од 130,8 километри. Првичните сеизмолошки мерења ја процениле неговата магнитуда меѓу 5,3 и 5,6.

Зоната Вранча се наоѓа кај остриот свиок на Источните Карпати и е еден од сеизмички најактивните региони во Европа, познат по земјотреси со жаришта на голема длабочина.

Сите сеизмички податоци се прелиминарни и може дополнително да бидат ревидирани.