[ФОТО] „Ќе морам да одам на кардиолог“: Сидни Свини со новите провокативни фотографии предизвика лавина од реакции

Супермен

20/11/2026

14:29

596

Големина на фонт

а а а

Актерката Сидни Свини (29) позирала само во бела долна облека од тантела во новата кампања за својот бренд „Syrn“.

Фотографиите инспирирани од зимската магија беа објавени на 19 ноември, како дел од серија фотографии на Инстаграм-профилот на нејзиниот бренд.

Сидни позирала пред снежна сценографија, седејќи на црвена сатенска наметка со крзнени детали. Носела градник со прерамки околу вратот и соодветни гаќички со низок струк и изрези, како и чорапи до бутовите.


Ова не е нејзината прва празнична колекција, но Сидни очигледно не сака да губи време.

„Првите снегулки во сезоната на заводничките“, се наведува во описот на објавата.

Ѕвездата на серијата „Еуфорија“ својата долга руса коса ја стилизирала во полуподигната фризура со опуштени локни, додека за шминката избрала впечатлив црвен кармин, очи нагласени со туш и руменило во розови нијанси. Изгледот го надополнила со впечатливи обетки украсени со циркони и чевли со високи потпетици со тантела.


Минатиот месец Сидни во друга кампања за својот бренд претставила уште едно неочекувано издание. Инспирацијата ја пронашла во ликот на Синди Лу од филмот „Како Гринч го украде Божиќ“, па ја носела истата плетена пунџа што Тејлор Момсен ја прослави во филмот од 2000 година.

„Неверојатна си“, „Ќе морам да одам на кардиолог“, „Ова е дефинитивно нешто најпровокативно досега“, беа само дел од реакциите на нејзините следбеници.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk