На само 30 години има милијарди: Најмладата милијардерка во светот ја откри тајната на својот успех

Супермен

23/11/2026

16:15

1.191

Големина на фонт

а а а

Бразилката Луана Лопес Лара на 29 години стана најмладата милијардерка во светот која сама го создала своето богатство. Денес, на 30 години, нејзината нето-вредност според „Форбс“ се проценува на 2,6 милијарди долари, а вредноста на нејзината компанија четирикратно се зголемила за помалку од една година, пишува „Unilad“.

Платформа за пазарни предвидувања

Лопес Лара богатството го стекнала со компанијата „Калши“ (Kalshi), која со партнерот Тарек Мансур ја основала во 2018 година. Вредноста на компанијата денес се проценува на 44 милијарди долари, што е значаен раст во однос на 11 милијарди во декември 2025 година.


„Калши“ е платформа за пазарни предвидувања. „Форбс“ наведува дека на корисниците им овозможува обложување за исходите на различни настани, од спортски резултати и политички избори до доделувања награди во забавната индустрија.

Само оваа година платформата привлекла повеќе од 33 милиони корисници кои вложиле преку 360 милијарди долари, а тој износ и понатаму расте.

„Сакам да видам колку голема можам да станам“

Лопес Лара, која дипломирала на „MIT“, неодамна за „Сандеј тајмс“ зборувала за својот успех. „Многу сум горда бидејќи секогаш давам сè од себе. Сакам да видам кои ми се границите, колку можам да постигнам и колку голема можам да станам“, изјавила таа.


Својот успех им го припишува на оптимизмот и посветеноста. „На работа постојано правам сто работи одеднаш. Јас сум оптимистот во тимот. Мојот став е дека шансите се на наша страна и дека сме подготвени. Морам да останам позитивна што и да се случува“, објаснила таа.

Работен ден од 16 часа

„Секој ден сакам да бидам подобра и да видам колку уште можам да напредувам. Калши е совршен начин за тоа“, рекла Лопес Лара и додала дека со тоа си дава можност да стане влијателна како важни историски личности.


До досегашниот успех дошла со напорна работа. Наводно работи 14 до 16 часа дневно, а се чини дека слично темпо следат и нејзините вработени. Еден од нив станал вирален минатата година кога на Твитер објавил дека на Бадник во 21 часот „ниту еден инженер на Калши сè уште не ја напуштил канцеларијата“.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk