Поплавите во Дубаи го затворија аеродромот, но и патиштата

Големите дождови кои ги зафатија Обединетите арапски емирати и делови на Катар и Бахреин предизвикаа поплави. За само неколку часа од големото невреме кое го зафати Дубаи наврнало дожд колку за година и половина. Поплавени се главните сообраќајници и аеродромот, поради што мораа да бидат пренасочувани летови.