„Си љубела, ќе љубиш“ – нова песна на Пијан Славеј, Каролина Гочева и Драги Иванов

Пијан Славеј и Каролина Гочева објавија нова заедничка песна – „Си љубела, ќе љубиш“, создадена во соработка со музичарот и продуцент Драги Иванов. „Си љубела, ќе љубиш“ е нивната втора заедничка песна, а како и претходно, во фокусот е препознатливиот авторски пристап на Бранислав Николов, фронтменот на Фолтин. Текстот и музиката се негово дело, додека целокупната продукција, аранжманот и музичката реализација ги потпишува Драги Иванов.