„Убијци“ на тестостеронот кои мажите треба да ги одбегнуваат

Храната има моќ да ве направи посилни и пофит со природно повисоки нивоа на тестостерон, но погрешната храна може да го направи спротивното, со зголемување на естрогенот, намалување на тестостеронот и предизвикување широк спектар на каскадни несакани ефекти како што се зголемување на телесните масти, губење на мускулната маса и опасноста да станете послаби и поуморни. Така, многу луѓе се обидуваат да го зголемат тестостеронот со јадење храна како лук, остриги и ѓумбир, но вистината е дека избегнувањето на храна што има потенцијал да го зголеми нивото на естроген е многу повлијателно бидејќи природно, ние не би консумирале многу од состојките и намирниците кои ни се достапни денес. Ова се најлошите намирници кои веројатно ќе ги „полудат“ вашите хормони со зголемување на естрогенот и намалување на тестостеронот. Со минимизирање на овие намирници ќе го максимизирате нивото на тестостерон за да почувствувате поголема мотивација, енергија и виталност.