Циркус на вечерта: Реакциите на играчите на Астон Вила и ПСЖ кога ја слушнаа химната на Лига Европа

Англискиот премиерлигаш како домаќин на реванш четвртфиналето во најелитното натпреварување се посрамоти за сите пари, а бизарната сцена која беше видена на „Вила парк“ брзо стана вирална на социјалните мрежи, но и во цела спортска јавност. Играчите на Астон Вила и ПСЖ беа сведоци на најбизарната увертира во Лигата на шампиони, бидејќи наместо препознатливата химна за најелитното натпреварување, им беше пуштена онаа од Лига Европа.