Видиновски: Го проверив најпознатиот балкански Мит…Од Виена До Скопје - Дали сè уште важи познатата југословенска поговорка „Колку појужно - толку потажно“?

Во видеото што го објави новинарот Александар Видиновски, тој тргна на патување од Виена до Скопје — поминувајќи низ Австрија, Словенија, Хрватска, Србија и Македонија. Неговата цел била да го анализира секој детаљ по патот: инфраструктурата, хигиената, бензинските пумпи, границите… односно каков е првиот впечаток кога ќе се влезе во нова држава… Дали Европа навистина застанува како што се движиме кон југ, или реалноста на терен е поинаква од стереотипите? Што значи нешто да е тажно?