Санџаклијата од Турција кој е партнер на популарниот Салт-Бае: „Инвестирав 1 милион во Нуср-Ет, а сега вреди 1,3 милијарди долари“

Нусрет Гокче, познат низ целиот свет како „Salt Bae“, стана глобална сензација поради неговиот препознатлив начин на сервирање месо и солење храна. Меѓутоа, не е толку познато дека зад неговиот успех стои бизнисмен по потекло од Јабланица во близина на црногорскиот град Рожаје – Митхат Ердем, попознат како Митко Муриќ.