31 година без принцот на екс-ју рокот, Милан Младеновиќ

На 5 ноември, пред 31 година, музичкиот свет во поранешната република остана посиромашен за една ѕвезда. Бунтовното момче Милан Младеновиќ, за жал, се измори и замина на некое подобро место. Милан починал во својот стан во Белград, од рак на панкреасот кој му бил дијагностициран неколку месеци претходно. Да се потсетиме на еден од најголемите хитови од ЕКВ, и не заборавајте: рокот е сè уште жив.