Американски јутјубер се возел со најопасниот воз на светот: Oткрил како изгледала ноќта во отворен вагон низ Сахара

Американскиот јутјубер Дру Бински детално ја опишал својата ноќна авантура во возот за транспорт на железна руда во Мавританија, еден од најопасните возови во светот. Во видео објавено на својот канал, тој покажа како спиел во отворен вагон, на куп минерали, изложен на екстремни услови.