Next Time сними акустичен концерт во споменикот „Илинден“, познат како Македониум. Популарниот бенд изведе нова верзија на „Нема друга Македонија“, оригинално отпеана од Војо Стојановски. Новиот аранжман на патриотската песна е на Мартин Филиповски и Николче Мицевски.