Градот „под еден покрив“: Сите жители живеат во иста зграда од 196 станови – како изгледа тоа?

Некогаш единствениот пат до малото гратче Витиер на југозападот од Алјаска бил со брод или воз, кога временските услови го дозволувале тоа. Меѓутоа, откако железничкиот тунел од Втората светска војна бил реконструиран, жители и посетителите на ова необично место на северот можеле да пристигнат таму и со автомобил.