Христина и Петар за борбата со ракот на ќеркичката Тара: „Првите симптоми ги имаше на 8 месеци, беше метастазирано низ целата глава“

Христина и Петар Младенов се родители на три деца, кои по борба со неплодноста беа благословени со близначките Хана и Тара, но нивната среќа не траела долго. На само 8-месечна возраст кај малата Тара се појавиле први симптоми на рак, по што започнала тешка и неизвесна борба - најнапред за поставување точна дијагноза, а потоа и за нејзино лекување.