Шетала по плажа и пропаднала во жив песок: „На почетокот ми беше смешно, а потоа ме фати паника“

Студентката Мадз Џун (20) била спасена во неделата, на 19 мај, откако поминала еден час заробена во жив песок на плажа во Гленелг Норт, предградие на градот Аделаида во јужна Австралија. Несреќата се случила за време на вечерна прошетка со пријател, кога девојката скокнала од блиските карпи, по што нејзината нога пропаднала длабоко во мекиот песок од кој не можела сама да се извлече.