Панама остана без историски бод, бледата Гана се извлече во 95-та!

Иако натпреварот не изобилуваше со премногу шанси и се чинеше дека ќе заврши без голови, Гана успеа да зададе фатален удар во 95-та минута. Брендон Томас-Асанте незапирливо проби по левата страна, брилијантно го помина својот чувар и испрати повратна топка во срцето на шеснаесеттникот, каде Калеб Јиренки се најде на вистинското место и рутински ја смести топката во мрежата за конечни 1-0. Ова е досега најдоцниот победнички гол постигнат на овогодинешниот Мундијал.