Разиграниот Мбапе урна уникатен рекорд на Роналдо Назарио, Франција со фуриозно издание до осминафинале

По низа неискористени стопроцентни шанси, Килијан Мбапе конечно го пронајде патот до мрежата во 45-та минута, а токму овој гол му донесе и мундијалска историја. Мбапе урна уникатен рекорд на Роналдо Назарио и стана играч со најмногу постигнати голови во нокаут фазата на мундијалите, рекорд кој успеа и да го поправи до крајот на мечот.