Мистеријата на портокаловиот „Mercedes“ од Чернобил: Никој не знае каде исчезнал
Иако се чини дека за катастрофата во Чернобил веќе е кажано сè, постојано се појавуваат нови, помалку познати детали кои ја надополнуваат сликата за најголемата нуклеарна катастрофа во историјата. Еден од нив е и приказната за светлопортокаловиот камион „Mercedes-Benz“, кој во ноќта на експлозијата се нашол во Блокот 4 на Чернобилската нуклеарна електрана.








