Нудат плата од 2.000 евра неделно, а единствениот услов е добар нос: Пријавувањето е отворено до 25 октомври

За љубителите на патувањата, природата и необичните работни места, во Финска се појави несекојдневна можност. Туристичката организација „Visit Turku Archipelago“ (Визит Турку Архипелаго) бара лице кое неколку дена ќе го обиколува архипелагот Турку и ќе ги истражува неговите мириси – од морскиот воздух и боровите шуми, до сауните и свежо испечениот леб.