Малата куќичка на Ема е доказ дека не е потребно многу за среќа: Ја направила сама и може да ја понесе со себе каде и да оди
Економичниот живот во мал простор, доволен за скромна личност, станува сѐ попосакуван начин на живот. Така, јутјуб-каналот „Голем живот во мала куќа“ ја пренесе приказната за Ема од Франција, која потрошила 33.000 евра за изградба и легализација на мала куќа во шума, оддалечена само 25 километри од океанот.








