Сашко Коцев игра стриптиз во црвени танги пред неколку баби – видео кое по повеќе од 10 години привлекува внимание

Старо видео со Сашко Коцев повторно привлече внимание на социјалните мрежи и ги потсети гледачите на едно негово поинакво издание. Снимката е стара повеќе од една деценија, но и денес е интересна токму поради улогата во која актерот ретко сме имале можност да го видиме. Во видеото Сашко се појавува како промотор на правосмукалка, во сценарио кое на забавен начин ја користи неговата актерска способност и препознатливата харизма. Наместо класична актерска сцена, тој влегува во улога на човек кој убедливо го презентира производот, што на снимката ѝ дава посебен комичен момент.