Нетфликс снима серија за случајот на девојка која исчезнала во 2005 година: Приказната ќе биде раскажана од перспектива на нејзината мајка

Нетфликс повторно се навраќа на случајот на Натали Холовеј, 18-годишната девојка која исчезнала во 2005 година за време на матурска екскурзија. Документарната серија од три дела „Taken: Natalee Holloway“ ќе пристигне на Нетфликс на 4 ноември, а режисерите ја опишуваат како најцелосен приказ на случајот што со години го привлекувал вниманието на светската јавност. Приказната ќе биде раскажана од перспектива на мајката на Натали, Бет Холовеј.