„До први“ – Еден пратеник. Една минимална плата. Реалноста на илјадници работници
Види Вака го промовираше документарниот филм „До први“, во кој пратеничката Моника Зајкова го прифати предизвикот седум дена да живее со минимална плата. Преку ова лично искуство филмот ја прикажува реалноста на секојдневниот живот со минимални примања и ги отвора прашањата за тоа дали со минималните примања може да се обезбеди достоинствен живот.








