„Guarding Stars“ е најгледаниот филм на „Netflix“: Топла празнична приказна што ја освои публиката

Божиќната романтична комедија „Guarding Stars“, со Лејтон Мистер и Џеред Падалеки во главните улоги, е најгледаниот филм на „Netflix“ во светот, а го држи првото место и во САД. Мистер ја глуми Хана Брукс, телохранителка која добива задача да ја чува холивудската акциска ѕвезда Џек Стејплтон, кого го игра Падалеки. Џек за празниците заминува кај своето семејство во Монтана, а бидејќи му се заканува опасност, Хана пред неговото семејство се претставува како негова девојка.