Видео: Медицинска сестра нападната и избркана од продавница: „Шириш корона!“

„Знам дека не изгледам убаво додека плачам, но таа жена буквално ме следеше низ продавницата и викаше дека не треба да ме пуштат да купувам затоа што носам униформа. Таа тврдеше дека не треба да купувам работи што не се основни (не знам како таа знае дека не купувам нешто за лицето за кое се грижам), наводно ширам микроби и корона. Се закани дека ќе ме пријави кај мојот шеф, кој само ми рече дека не сум сторила ништо лошо“, напиша медицинската сестра по инцидентот.