Ова е видео играта на „Амазон“ кој речиси никој не ја игра...

„Амазон“ лансираше бесплатна видеоигра на “Steam”, но ретко кој слушнал за играта. Станува збор за видео играта “Crucible” која е бесплатна за играње и достапна на најголемата светска платформа за видео игри “Steam”. За тоа колку помина незабележано во светот на гејмерите најдобро говори фактот дека по лансирањето биле заблежани 25 илјади играчи, а неколку дена подоцна бројката паднала на само неколку илјади.