Здогледал две кучиња покрај патот, а урнебесното видео го насмеа интернетот: „Се преплашив“

Корисникот на ТикТок, „Saxby2.0“, објавил видео на оваа социјална мрежа кое прикажува необична сцена и со тоа насмеал многу следбеници. Во видеото може да се види како две кучиња седат на столчиња, едно покрај друго покрај патот, а мажот признал дека ваквата сцена го изненадила кога случајно наишол на истата. „Се враќав накај дома од работа и погледнав низ прозорецот од автомобилот“, вели тој. „Тогаш здогледав две кучиња како седат во двор и се прашував што прават“, додал корисникот на ТикТок.