Роналдо не можеше да поверува што не реализираше, па го „измести“ голот од нервоза

Кристијано Роналдо најчесто е непогрешлив кога ќе добие добра топка, или точен центаршут во шеснасетникот, но вчера му беа потребни две такви шанси за да постигне водечки гол на големото дерби во Торино.Роналдо го доведе Јуве во водство во 13-та минута по луцидното додавање од Киеза, но десетина минути претходно, ниту сам не можеше да поверува што не претвори во гол.