„Амазон“ секоја недела уништува големи количини на лаптопи и телевизори

„Амазон“ уништува голема количина на непродадена стока секоја година, што вклучува паметни телевизори и лаптопи, открила истрагата. Снимката што се појави покажува голема количина отпад од само еден од 24-те дистрибутивни центри во Велика Британија. Производите се претежно неискористени и сортирани во кутии со назнака „уништи“, а станува збор за дронови, фенови за коса, слушалки, книги и слично.