Бравура и молк во Белград: Соиграч на Тричковски си поигра со пет играчи на Партизан и постигна страшен гол

Колку и да му се суди за потегот, конечниот резултат 2:2 оди во негов прилог и АЕК успеа да го елиминира Партизан среде Белград, а начинот на кој се случи тоа беше неверојатен. Херој за гостите беше Фараж, крилниот фудбалер на АЕК кој изведе вистинска бравура по десната страна, а потоа биеше неодбранливо со левата нога.