Снимката на која се гледаат четворица мажи како носат животно на ражен ги шокирала граѓаните пред неколку дена, а полицијата веднаш се впуштила во потрага и дошла до нови информации. „Станува збор за четворица Бугари кои организирале прослава по повод православен празник и Денот на бугарската војска и носеле јагне на ражен“, било соопштено од полицијата.