НБА Топ 5: Забивање на Тејтум со авторитет, моќниот Адебајо е број еден

Тимот на Бостон Селтикс дојде до првата домашна победа во пресметката со Мајами Хит, а истата значеше намалување на водството на противникот на 3-2 во финалето на источната конференција. „Келтите“ беа подобри, поразиграни, повеќе го посакуваа триумфот и сега имаат негатива од само еден „поен“ што значи дека целосно се вратија во игра во оваа битка. Од дуелот во „Ти-Ди Гарден“ беа избрани најдобрите моменти, па шампион е Адебајо, додека вицешампион Тејтум. Уживајте во овие Топ 5 мајстории.