Ова возило некогаш било „Audi A6“: Денес е лесен теренец кој е ставен на продажба

Овој автомобил е огласен за продажба во Полска, а како што пишува, смее да излезе на пат бидејќи е регистриран и сопственикот ја нуди и сета неопходна документација. Основата е „Audi A6“ од 1995 година, а на неа полскиот Јутјубер Станцол ја извел оваа интересна модификација. За почеток, А6 изгубил поголем дел од каросеријата, па на крајот останал само подот со предниот дел од возилото. Потоа автомобилот добил цевчеста заштитна рамка, а „црешата на шлагот“ е враќање на одредени елементи на каросеријата, но со „Audi A4“ (B9).