Дончиќ опцу пред камера, па брзо сфати дека погрешил

Словенечкиот кошаркар Лука Дончиќ одигра одличен натпревар и постигна 40 поени во победата на Далас против Јута, но имаше и интересен настап пред новинарите по средбата. Додека раскажуваше што се случуваше на натпреварот, Дончиќ искористи и неколку пцовки, па веднаш сфати дека погрешил. „Кажав и пред мечот дека не смееме да се зае*аваме. Ох с*ање, моја грешка“, искоментира Дончиќ и го насмеа новинарот.