Неда Богдановиќ: Храбрата девојка која лови мечки и чакали

Неда Богдановиќ го има најубавото работно место – природата. Таа е истражувачка на Биолошкиот факултет каде ги завршила додипломските и магистерските студии, а сега го подготвува докторатот на тема крупни месојади во Србија. Нејзината работа се состои во следење на мечки, чакали, волци, откривање на нивните живеалишта и патеки по кои одат, поставување фото-замки (кои не го фаќаат животното, туку само го фотографираат или снимаат), како и ставање јаки со GPS уред на вратот или грбот на животните, со цел да се следи нивното движење, однесување, навики, бројност.