Apple започна со производството на најевтиниот Ајфон досега...

Точка

25/04/2018

15:16

3.090

Големина на фонт

а а а

Наследникот на iPhone SE, освен подобар хардвер и графика, ќе има можност и за бежично полнење, а во рамките на новите трендови, веројатно нема да има 3,5 мм излез за слушалки.

Иако до неодамна кружеа гласини дека мала е веројатноста Apple да претстави втора верзија на iPhone SE моделот, но, според последните информации кои што секако, се неофицијални, Apple не само што го развива новиот iPhone SE 2, туку масовното производство на овој телефон веќе и започнало.

Тоа значи дека наскоро овиот iPhone SE 2 би требало да го очекуваме оваа година, а според некои гласини, голема е веројатноста американската компанија да го претстави во текот на мај или на почетокот на јуни за време на годишната WWDC конференција на Apple.


Во однос на претходникот „двојката“ би требала да го задржи екранот со дијагонала од 4 инчи, но ќе има подобар хардвер и графика, а речиси сигурно и можност за бежично полнење на телефонот.

Единствената работа која што iPhone SE 2 нема да ја има во однос на својот претходник е 3,5 мм излезот за слушалки, па корисниците, освен слушалките, ќе мора да користат и посебен кабел кој ќе ја врши конекцијата меѓу слушалките и телефонот.


Според аналитичарите, iPhone SE 2 би требало да биде увертира за големите работи кои што треба да ги очекуваме во септември - три нови модели на iPhone од кои два ќе имаат OLED екрани (наследникот на iPhone X и новиот iPhone X Plus), како и модел со 6,1-инчен LCD екран чија што цена би требало да се движи од 550 до 650 долари.



Спонзорирани линкови

Маркетинг