Актерот изгубил 14 килограми за 8 недели, а сето тоа поради една жена

Супермен

10/10/2018

11:57

2.580

Големина на фонт

а а а

Глумецот Мел Гибсон веќе некое време се измачува со губење на вишокот на килограми, но поради една жена успеа да се доведе во форма и да ослаби дури 14 килограми во осум недели.

Глумецот се запозна со нутриционистката Саманта Џексон во ресторан во Сиднеј кога бил во потрага по локации за снимање на својот нов филм. Саманта му пришла и рекла дека може да му помоне, а Гибсон веднаш ја прифати. 


Парот ги размени броевите на мобилните телефони, комуницирале преку FaceTime и глумецот во само неколку недели ги "стопи" вишокот килограми.

"Се слушаме по цел ден, разменуваме 30 пораки на ден. Задоволна сум како напредува и драго ми е што се држи до моите упатства", се пофали Саманта.


Глумецот во 8 недели изгубил 14 килограми и 27 сантиметри во струкот, а како што вели тој се чувствува многу подобро.

"Стравував дека ќе нема да можам ништо да променам. Сега ја облекувам мојата стара облека и грбот повеќе не ме боли. Спијам многу подобро. Сето ова беше вистинско чудо. Се чувствувам подобро и многу здраво", раскажа Гибсон кој секој ден покрај трите главни оброци пие протеински шејкови и вежба.


"Во целост, имам многу повеќе енергија отколку претходно", вели заводливиот глумец.


Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk