Погледнете како изгледа новиот Samsung Galaxy A9

Супермен

12/10/2018

15:56

3.189

Големина на фонт

а а а

Компанијата Samsung го претстави својот нов паметен телефон Galaxy A9, модел кој е сам по себе посебен бидејќи е првиот телефон на светот кој добил дури четири задни камери.

Станува збор за паметен телефон со веќе познатата технологија на Samsung која се користи за телефони со средни перформанси, но се издвојува благодарение на своите четири задни камери. Неговата задача е пред сe' да им овозможи и на помалку вештите корисници да направат одлични фотографии. Во тоа му помагаат четирите споменати камери - една главна од 24 MP, ултраширока камера од 8 MP, телефото камера од 10 MP и 2x оптички зум, додека четвртата камера е 5 MP. 


A9 е навистина елегантен телефон чие куќиште е изработено од метал, додека задната страна е направена од стакло.

Од останатите спецификации го издвојуваме 6,3-инчниот FHD+ екран со резолуција од 2220х1080 пиксели, 6 GB RAM, 128 GB интерна меморија која може да се прошири и до 512 GB по пат на microSD картичка, процесор Snapdragon 660, батерија од 3800 mAh и влез за слушалки.


За сигурноста на корисниците тука е сензорот за отпечатоци од прсти и технологијата на препознавање на лице.

Samsung Galaxy A9 се очекува да се појави на пазарот веќе од следниот месец по цена од 599 евра.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk