Самсунг конечно го покажа флексибилниот мобилен телефон Galaxy F

Супермен

08/11/2018

16:44

1.448

Големина на фонт

а а а

Самсунг на конференцијата SDC 2018 конечно го претстави Galaxy F, телефон со флексибилен екран. Претставувајќи го телефонот, водителот на маркетинг за мобилни производи Џастин Денисон со замрачено осветлување, како не би ги открил сите детали за овој иновативен производ, покажа таблет со екран со големина од 7,3 инчи.

Но, во внатрешноста на овој уред се крие телефон со флексибилен екран и благодарејќи на технолошките иновации можете да ги склопите во големина на класичен смартфон. 

Екранот од овој уред се преклопува долж ивицата или по средината, овозможувајќи лесно преклопување на Samsung Flexible Phone. На екранот на овој уред постојат три апликации во исто време.


Самсунг на овој проект работел со компанијата Google, а флексибилниот екран планираат да го вградат во сите идни Galaxy телефони.

Денисон најави дека Infinity Flex дисплејот кој е вграден во овој уред за време на наредните неколку дена ќе тргне во масовно производство.

Меѓутоа, Самсунг не е единствениот производител на телефони кој работи на флексибилни уреди. Huawei, Lenovo, Xiaomi i Microsoft исто така работат на такви производи.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk