Ова е најдобриот бренд на автомобили на светот – ги надминал и најлуксузните: Ретко се расипува, а трошоците за одржување се минимални

Супермен

24/07/2025

15:09

9.117

Големина на фонт

а а а

Купувањето автомобил, без оглед дали ќе го направите тоа поволно или на ново, секогаш е сериозна одлука.

Поради финансиските ограничувања и високите цени на новите модели, особено е важно да изберете возило кое долгорочно ќе ве служи, тоа значи помалку технички поправки, пониски трошоци за одржување и подобро корисничко искуство.

Поради тоа мислењата на експертите за заштита на потрошувачите, како што се оние кои ги објавува „Consumer Reports“ се од големо значење затоа што значително помагаат при носењето одлуки.


Вака настанала овогодишната листа на доверба

„Consumer Reports“ секоја година ги повикува своите читатели да ги пријават дефектите кои ги искусиле на своите автомобили, без оглед на тоа дали станува збор за проблем со моторот, сопирачките, клима-уредот, квалитетот на изработка или електронскиот систем.

Листата била основана на повратни информации на повеќе од 300 илјади сопственици на возила (модели од 2000 до 2024 година, вклучувајќи и неколку од 2025 година).

„Subaru“ на врвот на листата за 2025 година

Годинава, изненадување – „Subaru“ го зазел првото место, потиснувајќи ги досега водечките брендови „Lexus“ и „Toyota“.

Во што е тајната на успехот на „Subaru“? Компанијата се води од конзервативната политика на постепен развој:

- Многу модели делат голем број исти делови („Impreza“, „Crosstrek“, „WRX“…).

- Технолошките новини се воведуваат бавно и постепено, па првите сериски модели не патат од „детски болести“ предизвикани од растечката сложеност.

- На пример „Forester“ од 2019 година е достапен само со еден вид мотор, а наскоро ќе се нуди исклучиво хибридна верзија од тој автомобил.


Најдобри произведувачи на автомобили за 2025 година

Годинава „Subaru“ не ја понесе титулата само на „најдоверлив бренд“ туку е прогласен и за „најдобар произведувач на автомобили со вкупен пласман“.

Тоа го постигнал благодарение на исклучителните резултати во областа на безбедноста на корисникот, задоволството на сопственикот, ниските трошоци за одржување и секако високата сигурност, со што ги надминал некои од најлуксузните ривали како „BMW“, „Lexus“, „Porsche“ и „Honda“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk