[ФОТО] „Не е вештачка интелигенција“: Кралот на комедијата поради улогата за „Марвел“ драстично го сменил изгледот

Супермен

24/07/2025

16:00

1.517

Големина на фонт

а а а

Едно од најголемите изненадувања на малите екрани за 2025 година е секако доаѓањето на Саша Барон Коен во светот на „Марвел“.

Славниот актер, познат по улогата на Борат, се појави во серијата „Ironheart“ како негативецот Мефисто.

Покрај новата улога тој се пофалил и со неверојатната телесна трансформација која ги воодушевила неговите фанови.


На Инстаграм профилот од магазинот „Men’s Fitness“ објавени се фотографии кои за кратко време се прошириле во јавноста. Според насловната страница на магазинот, Коен до неверојатната фигра на тело дошол вежбајќи само 25 минути дневно, а резултатите се навистина неверојатни.

На објавата реагирале и многу познати личности, па прашале: „Дали ова е вештачка интелигенција?“, „Жал ми е, но не можев ниту да замислам дека Борат некогаш ќе изгледа вака“.

Тренерот ги демантирал сомнежите за обработка на фотографиите

Откако се појавиле сомнежите дека фотографиите се дигитално обработени, се огласил и тренерот на Коен, Алфонсо Моретти: „Работев со Саша. За сите кои мислат дека ова е AI, во право сте. AI како Апсолутно измислено! Бесмислено е да говорите дека фотографиите се лажни. Имам видеа. Саша заслужено може да се пофали со оваа трансформација“.

Морети открил дека Коен на почеток имал „рамно тело“, но резултатите биле толку добри што костимографскиот тим на „Марвел“ повеќе пати морал да го приспособува неговиот костим.


Промени и во приватниот живот

Физичката трансформација на Коен доаѓа во моментот на големи промени во неговиот приватен живот. Во март годинава, тој и актерката Исла Фишер објавија дека се разведуваат по 13 години брак, поради што многумина коментирале дека станува збор за „класична трансформација после развод“.

Освен тоа, актерот претходно беше обвинет од актерката Ребел Вилсон која тврдела дека ја принудувал на снимање на голи сцени во текот на снимањето на филм.

Неговата последна поголема улога била во серијата „Disclaimer“ која во 2024 година ја прикажуваше „Apple“.



Спонзорирани линкови

Маркетинг
назад до tocka.com.mk